недела, 14 декември 2025

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Битола-Меџитлија и регионалниот пат Битола-Прилеп

Поради сообраќајна незгода што се случила попладнево на магистралниот пат Битола – граничен премин Меџитлија меѓу селата Кравари и Бистрица, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат низ селото Бистрица.

Објавено на

часот

Сподели

Од АМСМ информираат дека поради случена уште една сообраќајна незгода на регионалниот пат Битола – Прилеп на клучката кај селото Бистрица, сообраќајот ќе биде во прекин, а патничките возила ќе се пропуштаат наизменично.

„Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај село Кравари за село Бистрица сообраќајот ќе биде пренасочен низ село Бистрица по регионален пат Р-2333. Во 16 часот на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп кај клучка село Тополчани поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот за ТМВ ќе биде во прекин ,а патничките возила ќе се пропуштаат неизменично“, пишува во соопштението на АМСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ