недела, 28 декември 2025

Предновогодишно „минусно“ утро – најстудено во Берово -8, „најтопло“ на Попова Шапка – 0 степени

Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Температура од -6 степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3 Охрид, Претор, Куманово и Mаврови Анови, а -1 степен во Гевгелија и Kрушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени Церлзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ