Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече, дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање одредени процесни дејствија од надлежните органи.
„Во тој ден не можеме сè уште ништо да кажеме повеќе“, рече Коцевски.
Судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува следната недела и, како што рече Коцевски, ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот, изразувајќи увереност дека од страна на ЈО нема да има никаков проблем во однос на судењето.
„Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега. Меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок и најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме, имајќи предвид да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети. Што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката, или да не се одлага по вина на обвинителството“, изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители.
Бројот на обвинители што ќе постапуваат по предметот, како што појасни Коцевски, заедно со дополнително ангажираните можеби ќе биде 15 јавни обвинители.






