понеделник, 15 декември 2025

Предметот за пожарот во Кочани во рацете на скопското Обвинителство

Јавното обвинителство (ЈО) донело решение со кое го определило Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, информираа попладнево од ЈО.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, решението на Јавното обвинителство е донесено и заради обезбедување економичност и единственост на кривичниот прогон, со оглед на тоа што во истиот предмет за одредени осомничени се уште се води предистражна и истражна постапка и неопходно беше да се определи јавно обвинителство кое ќе постапува за овој кривично-правен настан. За решението е доставено известување до Основниот кривичен суд Скопје, а кочанското обвинителство е задолжено да ги предаде списите и доказите од овој предмет на Основното јавно обвинителство Скопје“, се наведува во соопштението на ЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ