понеделник, 8 декември 2025

Предложен притвор за жител на Петровец, со умисла тешко ја повредил сопругата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда. При вршење семејно насилство, осомничениот со умисла тешко ја повредил неговата сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Јавното обвинителство, по кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми.

„Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ