четврток, 26 март 2026

Предложен притвор за осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Марино

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил киа без возачка дозвола и пијан со 0,94 промили алкохол во крвта.

„Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ