недела, 21 декември 2025

Предложен притвор за осомничен за производство на марихуана во Страчинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Објавено на

часот

Сподели

Во домот на осомничениот 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла три откорнати растенија и 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња канабис, како и 41,4 грама марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ