Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено и со намера за продажба држел околу 10 грама хероин.
Поради постоење околности што упатуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.






