петок, 5 декември 2025

Предлог-законот за Судски совет доставен на мислење до Европската комисија

Предлог законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за правда (МП). По добиеното мислење, предлог-законот за Судски совет ќе влезе во собраниска процедура.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од МП, станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.

„Клучни новини кои се предвидени со законот се: јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна; прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“; воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност; зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите; унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ“, се вели во соопштението.

За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова, нагласуваат од МП, е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега Македонија директно одговара на таа препорака.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ