Предлог-законот предвидува заострување на казнената политика за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување и злосторничко здружување, како и воведување ново кривично дело злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио записи или списи со сексуално-експлицитна содржина.
Предлогот опфаќа и проширена конфискација, усогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на делото телесна повреда, како и нови облици кај трговија со дете за надминување на состојбите со питачење.
Дополнително, се предлагаат технички измени за куќен затвор, условна осуда со заштитен надзор и хармонизација на делата против безбедноста во сообраќајот во рамки на проектот Безбеден град.
Предлагачите наведуваат дека предлог-законот има за цел да ја зајакне борбата против високата корупција и да ги исполни европските и меѓународните стандарди.






