Пратеникот на ЗНАМ Павле Арсовски, предложи возачите да можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач до 125 кубни метри и сила до 11 киловати, доколку имаат наполнето 23 години возраст, поседуваат возачка дозвола од Б-категорија најмалку пет години и ќе треба да поминат четиричасовна теоретска обука во автошкола за безбедно управување со мотоцикли.
„Ова решение ќе придонесе во намалување на сообраќајниот хаос во урбаните средини и метежите при паркирањето. Исто така, ќе има бенефит и во намалувањето на загадувањето на воздухот со помали емисии на штетни гасови. Ова законско решение ќе придонесе и во подобрувањето на економичноста, особено во услови на раст на цените на горивата“, рече Аровски.






