На минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар.
„Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се во судница. Никој од нив немаше ниту грам совест и човечност да ја признае својата вина. А сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за своите деца“, изјави една од мајките.






