четврток, 25 декември 2025

Пред суд треба да бидат спроведени приведените во акцијата на Финансиската полиција од болницата во Прилеп

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп, каде треба да дадат исказ пред судија на претходна постапка и да се одлучи дали ќе има барање за мерки за обезбедување на присуство во текот на постапката за истрага.

Објавено на

часот

Сподели

Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Набрзо по стапувањето на функцијата, лани 2024 година, сегашниот директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Кире Јоноски,  во повеќе наврати на прес-конференција изјави дека биле забележани неправилности во финансиското работење на Болницата и дека болницата ја наследил со долг од речиси 193 милиони денари.

Во текот на денот се очекуваат информации за случајот од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ