четврток, 26 февруари 2026

Пред да платат казна, граѓаните можат да се жалат на суд за казните од системот Безбеден град

Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека по пуштањето во употреба на системот Безбеден град и по издавањето прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци, граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок имаат законско право да поднесат приговор до надлежниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на првиот месец од примената на системот, односно во месец февруари, велст од судот, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 476 приговори (барања за поведување прекршочна постапка пред суд), од кои 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица, по кои постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.

„Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и согласно одредбите Законот за прекршоци, во утврдениот законски рок од осум дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување. Па заради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот Безбеден град, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор“, велат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.

„Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица – лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но истите не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи, поради што им биле издадени прекршочни налози“, велат од Судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ