петок, 12 декември 2025

Празничен промо депозит од Прокредит банка, повеќе добивка за одличен старт на 2026

Прокредит банка го означува крајот на годината со исклучително атрактивна понуда, празничен промо депозит, дизајниран за сите кои сакаат сигурна и исплатлива заштеда. Каматните стапки за празничниот промо депозит изнесуваат: 3,2% фиксна каматна стапка за депозити во денари со рок на орочување од 13 месеци, 2,5% фиксна каматна стапка за депозити во евра со рок на орочување од 25 месеци, услов кој ја издвојува оваа понуда како една од најповолните на пазарот за крајот на годината.

Објавено на

часот

Сподели

Празничната понуда носи повеќе вредност за парите на секој клиент, независно колку вложува. Промотивниот депозит ви дава одлична можност да орочите износ од минимум 100 евра (во денари или евра) и да обезбедите сигурен, редовен приход во следните 13 или 25 месеци.

Каматата се исплаќа на месечно ниво, овозможувајќи редовен, предвидлив и стабилен приход. Овој празничен депозит е сигурно, транспарентно и целосно предвидливо решение за дополнителен месечен приход.

Со фиксни каматни стапки и однапред дефинирани услови, вашата добивка е јасна уште од првиот ден, а средствата се орочени во стабилна и доверлива банка со германски капитал. Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, Прокредит банка останува посветена на развојот на културата на штедење и на создавање практични решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите – доказ за тоа е долгогодишната доверба и широката база на задоволни штедачи. Понудата за празничниот промо депозит важи од 5 декември 2025 до 15 јануари 2026.

Започнете ја својата празнична заштеда и обезбедете стабилен приход под навистина конкурентни услови.

Дознајте повеќе за празничната понуда на Прокредит банка и искористете ја уште денес.

Комерцијален текст 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ