„Овој празничен подарок е уште една потврда за нашата максимална посветеност кон корисниците и за стратегијата што доследно ја градиме во континуитет. Во А1, нашата примарна цел е секој корисник да го добие токму она што му е најпотребно во вистинскиот момент, на најсигурен и најквалитетен можен начин. Зад ваквите решенија стои нашата долгорочна инвестиција во стабилна и сигурна мрежа, модернизација на инфраструктурата, како и континуираниот развој на услуги што го поедноставуваат секојдневието и создаваат вистински дигитални придобивки. Во овој празничен период, но и во текот на целата година, нашата мисија останува иста, да создаваме технологии и услуги што инспирираат, поврзуваат и им додаваат вистинска вредност на нашите корисници“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
За корисниците на A1 Combo, А1 Македонија овозможува пристап до водечките стриминг услуги – Netflix, Max, SkyShowtime и Gley. Сите корисници на тековното портфолио, во согласност со тарифниот модел што го користат, имаат уникатна можност бесплатно да изберат до 2 стриминг услуги, со можност да променат една по истекот на 30 дена, без дополнителна претплата, и тоа засекогаш. Понудата е дополнително збогатена и со празнична цена на одредени атрактивни уреди.
„На корисниците им даваме слобода самите да ја креираат својата понуда и да ја приспособат според своите навики и желби — лесно, брзо и дигитално преку “Мојот А1”. Токму за празниците, нашата цел е да овозможиме максимална персонализација, за секој да добие пакет што совршено одговара на неговите потреби“, изјави Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.
Со најновата понуда А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратегиска насока за создавање иновативни, персонализирани и исклучително кориснички ориентирани услуги, што обезбедуваат поголема контрола, флексибилност и вистинска додадена вредност.
Комерцијален текст






