понеделник, 6 април 2026

Заседаваа сите петмина уставни судии, нема мнозинство за ниту една точка од дневниот ред

Објавено на

часот

Сподели

Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата затоа што доведено е во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци. „Се работи на граница на кворум за одржување на седници, информираме дека повеќе од 30 предмети за кои не е добиено мнозинство во изминатиот период чекаат комплетен состав на уставни судии. Состојбата загрижува со оглед дека остануваат голем број на предмети поради недобиено мнозинство, а постои опасност иницијативите кои во меѓувреме пристигнуваат да треба да чекаат повеќе од предвидениот период за ефикасно решавање кое судот го предвиде во годишната програма. 

Предметите кои денеска беа ставени на дневен ред (У.бр.144/2021, У.бр.59/2020, У.бр.8/2022 и 52/2020) ќе бидат повторно ставени на гласање на некоја од наредните седници кога Уставниот суд ќе има комплетен состав“, се вели во соопштението. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ