сабота, 13 декември 2025

За Дуковски обвинението за „Меѓународен сојуз“ е законски недозволена компилација на правни наводи

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинението претставува законски недозволена компилација на правни наводи, со цел, ако се нафрлат повеќе факти, тогаш да се смета дека обвинетите го извршиле кривичното дело. Прво се вели дека Бојан Јовановски ги искористил документите на „Меѓународен сојуз”, па потоа, како физичко лице ги врши измамите. Или е едно или е друго. Не може дејствието да биде стави се што сметаш, па нешто ќе помине. Мене не ми е јасна една работа, зошто во ниту еден момент не беа споменати двата договори склучени со „Пелистер” и „Дрим билдинг”, а мораа да бидат споменати. Ова е веројатно прв случај во историјата за ваква наводна измама, а прв е затоа што не може да има ваква измама”, посочи  Дуковски.

Во врска со Миле Јовановски, адвокатот Дуковски кажа дека докажале дека не перел пари, туку истите му се од продадени два станови и дуќан.

Бизнисмените Ардијан Амзовски и Силјан Мицевски си ги бараат парите кои ги дале за изградба на старечки домови.

Во нивно име на денешното рочиште каде се даваат завршни зборови зборуваа адвокати кои добија полномошно да ги застапуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ