сабота, 31 јануари 2026

Возачот кој ја уби Викторија на пешачки кај Сити мол доби обвинение, возел со брзина над дозволената

Објавено на

часот

Сподели

Од Обвинителството информираат дека по спроведената истражна постапка увидено е дека во моментот на несреќата семафорите биле исклучени, а возачот не застанал на пешачкиот премин и не обрнал внимание на пешаците на коловозот, иако бил должен да го стори тоа.

„Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска” и „Љубљанска”, каде светлосните сообраќајни знаци, семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот”, информираат од Обвинителството.

Приоѓајќи кон обележаниот пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67 километри на час, што е за 17 километри на час поголема од максимално дозволените 50 километри на час, со што како што додаваат од Обвинителството бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба.

Со оглед на тежината на кривичното дело за кое се товари, јавниот обвинител оцени дека сè уште постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.

Тешката сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Партизански одреди” кај Сити мол пред неполн месец, кога момче со автомобил удри во двајцата пешаци кои поминуваа по обележаниот пешачки премин.

Во тешката сообраќајка загина 24 годишната Викторија Николова која им подлегна на повредите од ударот на лице место, а нејзиното момче беше полесно повредено. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ