четврток, 11 декември 2025

Владимир Панчевски утре излегува од затвор

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на затворот „Скопје” Филип Андов за МИА потврди дека со одлука на Врховен суд предметот се враќа на повторно судење и на Панчевску му се укинува затворската казна. Во текот на утрешниот ден тој ќе биде пуштен од затворот „Скопје”.

Панчевски кој на 3 февруари годинава почна да ја издржува затворската казна, беше осуден од судот во Велес на три години и шест месеци затвор, а потоа скопска Апелација му ја скрати на две и пол години.

Владимир Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ