четврток, 11 декември 2025

Владимир Панчевски денес напладне излезе од затворот во Шутка

Објавено на

часот

Сподели

Панчевски влезе во затвор на 3 февруари годинава каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба. За отслужување на казната се пријави сам. 

Првично беше осуден од судот во Велес на три години и шест месеци затвор, а потоа Апелацискиот суд во Скопје му ја скрати на две и пол години.

Врховниот суд донесе пресуда со која го уважи Барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда со која беше осуден поранешниот претседател на кривичниот суд во Скопје Владимир Паневски, заради наводни злоупотреби со АКМИС системот за прераспределба на судски предмети. 

Владимир Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство.

К.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ