Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци поднесена од музичарите Кристијан Габроски, Робертино Саздов и Ѓорѓи Крстевски.
Од Уставниот суд напоменуваат дека следните денови дополнително ќе ги објават аргументите за оваа нивна одлука.