
Судот соопшти дека причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на судечкиот совет, судија – поротник го известил судот дека е позитивен на ковид – 19 вирусот и во следниот период ќе биде во изолација согласно протоколите за здравствена заштита.
Првоосомничен во предметот е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој според обвинението, како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.






