четврток, 11 декември 2025

Русковска отвора предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг објавени во „Швајцарски тајни“

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за едни од најбогатите македонски граѓани чии што подем од службеници од јавен интерес до бизнисмени го следеа обвинувања за проневери на државните ресурси, политички мотивирани зделки, лобирање и висока корупција.

„Швајцарските тајни“ е меѓународна истрага за една од најбогатите и најважните банки во светот. Повеќе од 163 новинари од 48 медиуми во 39 земји ширум светот со месеци ги анализираа информациите за банкарските сметки протечени од „Кредит Свис“ вториот по големина кредитор во Швајцарија.

Протекувањето опфати повеќе 18.000 сметки на кои се чуваат преку 100 милјарди американски долари. Тоа за новинарите е единственото познато истекување податоци за клиенти на една голема швајцарска банка. Швајцарија е светски најпозната дестинација за чување пари поради нејзините закони за банкарска тајна.

Нема ништо директно лошо во тоа да имате сметка во швајцарска банка. Но, банките треба да избегнуваат клиенти што заработувале пари на незаконски начин или биле вмешани во криминал, а новинарите идентификувале десетици корумпирани владини службеници, криминалци и наводни прекршувачи на човековите права меѓу сопствениците на сметките на „Кредит Свис“.

[video:https://youtu.be/CHTwJ_I5RUw autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ