четврток, 11 декември 2025

Реакции за предлогот за промени на Законот за граѓанска одговорност: Кои латентни нацисти сте вие!

Објавено на

часот

Сподели

Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“. 

Ова значи дека граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, на пример за работата не некој владин министер, функционер, градоначалник…

На овој предлог вчера реагираше и адвокатот Јанаки Митрoвски: „Новиот предлог да се одговара за навреда и за ‘негативно мислење’ не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро – оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура – оп навреда. Кои латентни нацисти сте Вие!”, пишува за предлогот на владата адвокатот Митровски.

Овоj предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предлага Владата, преку Министерството за правда, деновиве влезе во собраниска процедура.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков потврдува дека во Собранието од Министерството за правда пристигнал предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и на Фејсбук реагираше во неверица:

„Власта бара за НАВРЕДА да СЕ ОДГОВАРА и со изразување на НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ! Одговорност за мислење? Што е следно полиција за мисли?“, прашува Лефков.

  A.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ