понеделник, 15 декември 2025

Поранешниот градоначалник на Гази Баба вели дека планот за изградба на „Космос“ бил предлог на Цаноски

Објавено на

часот

Сподели

„Со паркинзите се прават малверзаци и криминал. Инвеститорите во почеток прават како што треба, а реално се случува потребните паркинзи да ги нема“, рече обвинетиот Трајковски и додаде дека Врховниот суд утврдил дека правото на градба е одземено по вина на инвеститорот.

Според обвинението за „ТНТ” во временскиот период од 1 април 2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер и обвинетиот Миле Јанакиески, како тогашен министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски, за неговата политичка одлука кој како претседател на политичката партија – ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата – ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски (поранешен градоначалник на Општина Гази Баба), да стори кривично дело„Злоупотреба на службената положба и овластување” тој да ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект Космос што бил граден од оштетениот, инвеститорот Цаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ