сабота, 13 декември 2025

Одобрено обвинението за сообраќајката кај Сити мол

Објавено на

часот

Сподели

Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, велат од Кривичен суд.

Додаваат дека согласно АКМИС системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека истиот ќе биде објавен на веб-страната на судот во делот „Календар на судења”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ