„Денеска умре правдата во Македонија, дефинитивно се покажа како умрени и
обвинителството на Русковска и судството на Џолев и на неговите јастреби. Слушнавме одмазднички пресуди, донесени без докази. Наместени онака како што нив им одговара. Ете, така се суди во земјава. Нема правда и Македонците, Албанците и сите други кои живеат овде во Македонија, нека не ја чекаат правдата зашто е умрена. Ниту во Занзибар не може да се случат вакви пресуди”, рече Јовановски.
Тој нагласи дека и поранешниот премиер Зоран Заев знаел за активностите на „Меѓународен сојуз”, но сега, рече, и тој и другите, се кријат и молчат.






