сабота, 31 јануари 2026

Одбраната во „Топлик“ тврди: Нема кривично дело од членовите на Комисијата за јавни наддавања

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот Часлав Станоевиќ кој го брани обвинетиот Томе Ѓурчиловски истакна дека од исказите на сведоците може да се заклучи дека Комисијата за јавни наддавања не изготвила и не доставила објава за јавно надавање, туку тоа го има направено Министерството за транспорт и врски.

Aдвокатот на обвинетиот Димитар Димовски, бранител Панче Тошковски, во своите заршни работи кажа дека во овој кривично – правен предмет нема штета на државниот буџет.

„Затезна каматa и штета се различни поими. Ако се водиме од ова гледиште секој функционер треба да одговара. Никоја иституција во овој случај нема побарано оштетно побарување“, рече адвокат Тошковски.

Обвинителот Бурим Рустеми на минатото рочиште побара од Судот обвинетите да ги прогласи за виновни за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и да им изрече ефективни казни, со оглед на степенот на кривична одговорност и последиците од делото, како и фактот дека воопшто не изразиле каење во текот на постапката.

Одбраната на обвинетиот Димовски денеска го оспори и постапувањето на јавниот обвинетел Бурим Рустеми, со образложение дека тој веќе е дел од Вишото јавно обвинителство Скопје.

Факт е, нагласи во својот завршен збор обвинителот Рустеми, дека проектот за изградба на комплексот „Сончев Град“ од 100 милиони евра директно го координира обвинетиот Миле Јанакиески, како и постапката за спогодба и отуѓување на земјиштето.

„Фактот дека Миле бил решен да се реализира јавното наддавање се гледа од притисокот врз работата на ченовите на првата Комисија, кои поради немање нумерички податоци за парцелите одбиле да го објават јавното наддавање, по што тој ја разрешил и формирал нова Комисија во која членуваат сега обвинетите. Тие иако знаеле дека претходната Комисија одлучила дека нема услови за прогласување на јавно наддавање, за да ја исполнат желбата на првообвинетиот веќе утрешниот ден на 04.04.2007 година го објавиле јавното наддавање со истите недостатоци и без нумерички податоци за парцелите со што нивната продажба била неспроведлива и со тоа го прекршиле законот“, изјави Рустеми.

Според него, од вештачењата се гледа дека од вкупно 616 парцели од јавното наддавање само за 24 имало нумерички податоци, со што израелската фирма, која го добила јавното наддавање четири години не можела да почне со градба, по што ги активирала гаранциите од еден милион евра.

Случајот го води судијата Осман Шабани.

Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството-Томе Ѓурчиловски, Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања. Предметот, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата „Сончев Град“ во Сопиште.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ