Со денешната одлука на судот се потврди тезата на обвинителниот акт во однос на обвинетите, изјави обвинителката Ивана Трајчева нагласувајќи дека повеќе за висината на изречените казни ќе може да каже откако ќе ја добие пресудата и ќе ги анализира ценетите аргументи од страна на судот.
Во однос на ослободителната пресуда за поранешнта пратеничка на СДСМ Фросина Ременски, обвинителката рече дека секако ќе биде поднесена жалба.
„Судот го прифаќа фактот дека да не била Ременски инволвирана во овој случај дека оштетените не би ги потпишале договорите со ‘Меѓународен сојуз’, но исто така е факт дека таа била присутна на состаноците кои се држеле во некои општини. Оттука, останува нејасно како Судот не ги увидел дејствијата на влијание кое што таа го извршила. Кога постојат вакви факти, не знам како судот го донел заклучокот дека не е докажано делото кое ѝ беше ставено на товар“, изјави Трајчева.






