понеделник, 22 декември 2025

Малолетникот без возачка што со БМВ Х6 го прегази д-р Јота доби воспитна мерка, ама детали од судијата нема оти е дете

Објавено на

часот

Сподели

Од Основниот кривичен суд Скопје на прашање на МКД.мк каква е одлуката која што судот му ја изрекол на малолетникот ни беше одговорено дека одлуката, со оглед дека се работи за малолетно лице, не смее да се кажува. Официјалниот одговор е дека на осомничениот малолетен возач за кого се водеше постапка по Законот за правата на детето, му е определена Заводско-воспитна мерка.

„Согласно направените проверки со Одделот за малолетници при
Основниот кривичен суд Скопје, Ве известуваме дека се работи за
правосилно завршен предмет, правосилен од 03.09.2021 година, во која
спрема детето во ризик е изречена Заводско воспитна мерка која е во фаза
на реализирање односно извршување. Со оглед да се работи за предмет од
одделот за малолетници како и согласно Законот за правата на детето
судот не може да ви даде дополнителни информации”, стои во одговорот од Судот.

Јавниот обвинител од судијата за деца по сообраќајката побара за малолетникот да биде определена мерка куќен притвор со која ќе го обезбеди неговото присуство во текот на постапката, како и мерка на претпазливост – привремено одземање на патната исправа.

Судијата тогаш го прифати предлогот на обвинителот, па на детето во ризик му определи притвор во траење од 15 дена и одземање на пасошот.

„На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувало кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозило јавниот сообраќај и го довело во опасност животот и телото на луѓето. Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза” во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко” не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина што би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животозагрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош“, соопшти лани по сообраќајката Обвинителството. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ