На денешната седница се воспостави невообичаена практика, што претходно не се применувала, а тоа е дека во присуство на претседателот на Советот, седницата ја започнува и ја води заменикот претседател, наведува коалицијата.
Всушност, се гласало за предложена нова точка на дневниот ред – расправање за меѓучовечките односи и веднаш потоа за усвојување на записникот од претходната седница.
Тоа претставува парадоксална ситуација, односно доколку дневниот ред не бил усвоен, тогаш воопшто не би можело да се премине кон дискусија по предложените точки и не би можело да биде додаден предлог за разрешување на претседателот на Советот во рамки на дискусијата за меѓучовечките односи.