Бизнисменот Орце Камчев нема да бара Зоран Милевски-Кичеец да му врати дел од неговите милион и пол евра од случајот „Рекет”.
За оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд, но, тужбата останува.
На денешната јавна расправа Камчев не беше лично присутен. Шефицата на поранешното СЈО Катица Јанева побарала спровод од затворот Идризово за да присуствува на расправите, а нејзното семејство се согласило да ги покрие трошоците.
За случајот „Рекет”, Јовановски е осуден на девет години затвор, Катица Јанева на седум, а Кичеец на три години.






