понеделник, 22 декември 2025

Камчев и Јосифовиќ казната ќе ја издржуваат во затворот во Струга

Објавено на

часот

Сподели

„До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид.

Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, се вели во соопштението на Кривичниот суд во кое на почетокот се вели дека информацијата се дава „заради интерес на медиумите и невладините организации за текот на извршувањето на правосилните пресуди донесени врз основа на предлог – спогодби за предметот во јавноста познат како Империја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ