Обвинетиот Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на, како што ветувал, Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата. Оштетените, бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски како што смета оввинителството, биле доведени во заблуда и од имотот на своите компании на Јовановски преку Македонска авторска агенција му исплатиле износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.
Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.






