среда, 1 април 2026

ЈО: Синот кој си го уби таткото во Гостивар сакал да ги прикрие трагите од убиството

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција“, наведува Обвинителството во денешното соопштение.

Триесет и тригодишникот започнал семејна расправија со таткото заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што физички го нападнал удирајќи го со рака и тврди метални предмети, сè додека не му нанел тешки повреди од кои таткото починал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ