Јанакиески како ексминистер, Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова член на комисијата признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компамија која ги набави 202 двокатни автобуси за ЈСП.
Јанакиески условната казна ја доби откако претходно призна вина, а истата казна им беше изречена уште две обвинети, членови на Комисијата за јавни набавки.
Игор Јанушев, не го разбрал обвинителниот акт и на него ќе продолжи да му се суди, бидејќи тој не призна вина и истакна дека не го разбрал обвинението поднесено против него.
Тој е обвинет како член на Комисијата за јавни набавки во Град Скопје.






