Гостувајќи во емисијата „24 анализа” на Телеваиција 24, Ивановска истакна дека постои можност функционери да го пријавуваат имотот на друго лице, што не е на функција и дека се зборува за такви случаи, но дека Антикорупциската комисија нема ингеренции да ги разгледуваме имотите на граѓаните, туку само на избраните лица.
Таа информира и дека голем број од пријави на граѓаните до ДКСК се однесуваат на незадоволството од судските одлуки, по кои комисијата нема надлежност да постапува и ги препраќа до Судскиот совет.
„Од аспект на проверка на потеклото на имотот, ние не го испитуваме имотот на судиите, туку вршиме проверка на она што е пријавено во анкетниот лист, односно верификација на податоците, дали тоа што е пријавено се совпаѓа со тоа што е запишано во книгите, во катастарот. Наша надлежност е до тука. Доколку откриеме несразмерност во богатењето во однос на нивните месечни примања, тогаш тие предмети ги доставуваме до надлежни институции,“ рече Ивановска.






