среда, 14 јануари 2026
OJO Скопје

Истрага за лице од Ајватовци кој одгледувал марихуана

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот 47-годишник, во дворот на куќата во селото Ајватовци, под фолија насадил и одгледувал осум растенија канабис. При претрес на 16 септември, полицијата пронашла пет растенија засадени во земја и три во кофи, во свежа состојба и со поединечна висина од 100-260 сантиметри.

Исто така, во собата во која спиел, тој направил комора – импровизирана просторија за сушење со метална конструкција, филтер за воздух и два вентилатори. Во неа во моментот на претресот сушел 7 грама наркотична дрога – марихуана.  Дополнително, на скалите во куќата полицијата пронашла сито со уште 17,4 грама марихуана.

Бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ