вторник, 30 декември 2025

Груевски кога побегна ги загуби адвокатите, па тој по службена должност немал право да бара ново судење

Објавено на

часот

Сподели

Ова практично значи дека бранителот по службена должност немал полномошно од поранешниот премиер Никола Груевски за да биде негов бранител, туку бил поставен по службена должност, па немал право да го поднесе барањето за вонредно преиспитување на правосилна судска одлука. 

Според Законот за кривична постапка, барањето е поднесено од неовластено лице, односно обвинетиот на кој му се суди во отсуство треба веднаш да има бранител. Бидејќи Груевски побегна, а неговите адвокати не добија овластување да го застапуваат, му беше определен бранител по службена должност, односно го застапуваше адвокатот Петар Тимовски. 

Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека Врховниот суд до Судот доставил решение со Квп2 48/2022 со кое Советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар”, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ