„Нема сторено кривично дело од страна на Бојан Јовановски. Пресудата е базирана на докази од главниот претрес, а таму немаше ниту еден доказ, туку коментари. Стана опасна мода секое дело од т.н. стопански криминал обвинетиот да се гони и за перење пари, но треба да се докаже првото кривично дело – измама, па потоа тоа дело, да се соберат и изнесат докази. За што биле потрошени наводните пари? Судијата вели за лични потреби на Јовановски. А каде се доказите? Всушност, за оваа пресуда нема ниту еден доказ и е пример за тоа кога пресуда не треба да се донесе. Не е случајно судот што надолго образложуваше, па уште и ја третираше интелектуалната способност на Јовановски, или пак за правниот статус. Излезе дека и бизнисмените и нивните компании се оштетени. Како тоа? Има четири оштетени? И, најбитно, која е вината на Бојан Јовановски? Немал постојан извор на приходи. Така може да се каже и за продавачи на тезги. Зарем немаат приход? Како може од обезбедена банка, со вип-третман, некој да одземе 720 илјади евра и тоа да не се пријави како кривично дело? На тоа се базира предметот. Се разбира дека пресудата ќе ја обжалиме. И тоа на секој дел од пресудата. И ќе барам објаснување на ‘интелектуалниот момент да се измами некој’. Како што не е осудена Фросина Ременски, така и останатите обвинети требаше да бидат ослободени од вина“, им изјави на новинарите адвокатот Дуковски.
Дуковски: Пресудата не е заснована на докази, туку е компромис со политиката

ТОП ВЕСТИ





