понеделник, 6 април 2026

Државата бара отштета од 2,6 милиони евра од обвинетите во случајот „Шпански скали“

Објавено на

часот

Сподели

Саздовска кажа дека отштетното побарување е засновано во обвинителниот акт и во вештиот наод и мислење на вештите лица.

Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева – Михаичовска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева.

Проовинетиот Миле Јанакиевски, коментирајќи го барањето на Државното правобранителство наведе дека за 50.000.000 денари е поголема сумата од тоа што се најавува како отштета и извештајот на вештите лица.

Во случајот „Шпански скали“, освен Миле Јанакиески, обвинети се и Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Сите се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ