„Да се формира анкетна комисија е нормално доколку е затворена истграгата за конкретниот случај и е поминато определено време оттогаш. Но, не и во време на активна истрага, бидејќи со прибавување на целата документација и со сослушувањата комисијата го контаминира истражниот процес и нема никаква реакција за тоа“, рече Џолев на денешниот брифинг со медиумите.
Според претседателот на Кривичниот суд, прашањето кое треба да се постави е како е можно да се води паралелно истрага, односно да се сослушуваат истите луѓе што ги сослушува и обвинителство.
„Потоа кога ќе дојдат во судот, нивни адвокати ќе велат дека тоа и тоа не може да се користи како доказ, па ќе споменуваат повреди на законот, па судот во Стразбур и уште многу работи. Многу е комплицирано, иако можеби од страна не изгледа така“, нагласи Џолев.






