сабота, 13 декември 2025

Боки 13 денес ќе зборува во Кривичен суд за обвинението за „Меѓународен сојуз“

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството побара обвинетите во „Меѓународен сојуз” да се огласат за виновни затоа што во постапката се докажало дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.

Судењето за „Меѓународен сојуз” почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.

Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски Боки 13.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ