сабота, 31 јануари 2026

Бислимоски: Разгледуваме дали има можност да им се помогне на општините

Објавено на

часот

Сподели

„Најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат електрична енергија на слободниот пазар. Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна“, истакна Бислимоски во разговор за радио емисијата „Станион“ на Канал 77.

Според него, РКЕ донесе одлука со која ги тргна повластените производители од регулираниот пазар и ослободи околу 230 киловатчасови кон слободниот пазар.

„Оваа енергија за слободниот пазар е два пати поевтина од онаа на берза“, рече Бислимоски.

Тој посочи дека проблемот со кој се соочуваат општините е кај јавните комунални претпријатија кои мора да си ја зголемат ефикасноста.

„Анализите што ги прави РКЕ, без да посочувам во која општина, во едно комунално претпријатие се гледа дека има 550 вработени, а еден кориснички центар на ЕВН на поголема територија работи со 50 луѓе. Јавните комунални претпријатија не се ефикасни и се превработени, најголем број од трошоците одат на плати“, посочи Бислимоски.

Во однос на цената на водата, појасни дека РКЕ не ја определува крајната цена на водните услуги, туку опсегот од минимална до максимална цена.

„Советите на општините си ја определуваат цената. Ако не се задоволни од тоа што нивните совети си определиле, можат да влезат во постапка за промена“, рече Бислимоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ