„Лицето е осудено за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години“, изјави портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески.
Според обвинението, Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.
За случајот МКД.мк повеќе пати пишуваше, се дозна на почетокот на минатата година кога еден од родителите го пријавил тренерот во полицијата.
Тренерот пред судот не го признаваше делото за кое беше обвинет. Искази пред судот дадоа девојчињата кои биле злоставувани, а самиот процес се одвивал зад затворени врати во судот бидејќи се работи за малолетни лица.






