Во дописот до Гаши потпишани се деветмина пратеници: Африм Гаши, Аднан Азири, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, Имерије Салиу, Саранда Имери, Фериде Хаџиу, Мерита Колчи Коџаџику и Беќир Сали.
„Врз основа на член 34 став 9 од Деловникот на собранието, Ви ги диставуваме промените во пратеничката група на Вреди. За координатор е поставен Беким Ќоку, а за заменик на пратеничката група на Вреди се назначени Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азири“, се наведува во дописот на деветтемина пратеници до претседателот на Собранието Африм Гаши.
Извори на МКД.мк велат дека пратениците на Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари сѐ уште не поднела барање за пормени во пратеничката група и дека засега е непознато дали со него остануваат пет пратеници што е законски минимум за формирање пратеничка група.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани кој е дел од коалицијата Вреди, одговарајќи на новинарско прашање за легитимноста, денеска изјави дека легитиметот на една политичка партија или структура подлежи на тоа дали изборниот процес е демократски, дали се одвивал демократски.
„Мој впечаток и на мнозинството на граѓаните е дека во минатите изборни кампањи гласовите се поткупувале и се добивале под разни притисоци. Не знам дали со овие механизми можеме да се повикуваме или да се повикуваат на легимитет. Тоа што е начелно, што веќе го изразив на албански јазик, е ако тие мислат дека дел од пратениците на Алијанса на Албанците поминале кон „Фронтот“ се погрешни бидејќи дел од нив ќе останат со Владата, но да се сигурни дека и најмалку четири пратеници што се денес кај нивните редови ќе поминат во делот на владината коалцијата“, изјави на прес-конференција Лимани.
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците (АА) на Арбен Таравари кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција остануваат во коалицијата „Вреди“. Најави дека ќе направат анализа и оти ќе понудат најдобри и најподготвени кандидати за позициите што ќе се испразнат поради излегувањето на АА на Таравари од Владата.
„Прво треба да ја констатираме оставката, тоа што е битно е што сите позиции на Алијанса за Албанците ќе останат во рамки на Вреди, ќе направиме анализа, ќе ги дадеме најдобрите и најподготвените за тие позиции“, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање.
Според Меџити, со тоа што Таравари најавил оставка за себе но не и за другите функционери од АА се покажало дека одуката за излегување од Владата не кореспондира со членството и структурата на партијата и оти има видливи поделби.
„Тоа што самиот најавува оставка но не и за другите функционери покажува и докажува дека има донесено одлука која не кореспондира со членството и структурите на партијата, има видливи поделби, ги гледаме, секојдневно има различно размислување, непочитуивање на одлуката на претседателот, несватлива им е, затоа веќе е видлива поделбата на АА“, рече Меџити.
Тој не одговори дали вицепремиерот за добро владење Арбен Фетаи кој е од АА на Таравари ќе ја напушти функцијата и упати на одговор од него. Реече дека дополнително ќе известат дали Фетаи ќе биде разрешен ако сам не си даде оставка. – Ќе ве известиме деновиве, разговараме, преговараме, рече Меџити.
Прашан дали разговараат со пратници од крилото на Таравари, тој истакна дека е видливо големо незадоволство во партијата.
„Не е во тоа дали разговараме, видливо е големо незадоволство кај членството на АА, членови на претседателство, на видни позиции, ограноци, форум на жени, повеќе тела во партијата што уште еднаш потврдува дека ова е лична одлука од лични побуди и не кореспондира со волјата на членството посебно на АА која од формирање е антипод на ДУИ“, рече Меџити.
Според Меџити, Таравари во ниту еден момент не посочил за проблеми со етнички прашања.
„За етнички прашања овие месеци во првата линија бев јас потпомогнат од Арбен Фетаи, за Законот за правична застапеност, за Законот за јазиците и другите етнички прашања и точно е дека господинот Таравари во ниту еден момент не посочил никаков проблем“, рече Меџити, кој присуствуваше на почеток на реконструкција на водоводниот и канализациски систем во населбата Дижонска во Општина Чаир.
Претседателот на СобраниетоАфрим Гаши претходно изјави дека се уште не е пристигната оставката на министерот Таравари, кој синоќа во изјава за МИА рече дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера, одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.
Според засега неофицијалните и непотврдени информации, четворица пратеници на Таравари остануваат во владеачкото мнозинство, а во опозиција ќе замине само еден пратеник од Алијанса за Албанците.