понеделник, 12 јануари 2026
Собрание

Пратениците денеска ќе ја почнат расправата за измените на Кривичниот законик

Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница на чиј дневен ред се верификација на мандат на пратеник, откако Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање.

 

Објавено на

часот

Сподели

Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување согласно Решение на Уставен суд од 12 февруари 2025 година.

Пред пратениците за расправа се Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.

Собранието ќе одлучува и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ