среда, 4 март 2026

Пратеници, градоначалници, поранешни министри, граѓански активисти… кандидати за градоначалник на Скопје

Засега за градоначалник на Скопје за претстојните локални избори ќе се кандидираат седум кандидат. Орце Ѓорѓиевски, Каја Шукова, Амар Мециновиќ, Скендер Реџепи Зејд и Башким Бакиу се партиските кандидати за градоначалник на  Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ДУИ и Вреди. Се најавуваат уште најмалку две кандидатури на граѓански иницијативи.

Објавено на

часот

Сподели

Листата сѐ уште не затворена, а кандидатури најавија и неколку граѓански иницијативи. Од Зелен хуман град најавија дека попладнево ќе ја соопштат нивната кандидатка за градоначалник на Скопје. А како што дознаваме од Независни заедно кандидат ќе биде Горан Марковски, деканот на Градежниот факултет во Скопје.

Орце Ѓорѓиевски е актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода. Амар Мециновиќ е актуелен пратеник и поранешен член на Советот на Град Скопје. Каја Шукова е потпретседателка на СДСМ и поранешна министерка за животна средина.

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Скопје е Башким Бакиу, раководител на Дирекцијата за општи услуги при Клиничкиот центар, политиколог со искуство во локални политики.

Опозициската ДУИ соопшти дека нивен кандидат за градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори е пратеникот Скендер Реџепи Зејд, кој е и претседател на партијата Народно движење, дел од коалицијата на ДУИ Европски фронт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ