Пожарот го изгаснаа пожарникарите од Тетово и од Скопје. Ангелов во изјавата изрази голема благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.
Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор. Во овој момент четирите активни пожари на отворен простор се под целосна или делумна контрола, изнформираат од ДЗС.






